(ВИДЕО) Штипјанката жари и пали по Бугарските клубови!

Штипјанката Марина Тошиќ која по потекло е од Краљево, таа се обидуваше да направи кариера на македонската естрада, со години настапувајќи по клубовите и локалите ширум Македонија. Има настапувано и на фестивалот Роса но без успех.Марина Тошиќ својата среќа ја пронајде во Бугарија каде потпиша договор со издавачката куќа „Паинер“ и ТВ „Планета“ кои ја дочекаа со раширени раце. Најпрвин таа пееше на Македонски, па Српски, а сега и Бугарски јазик!Пејачката е доста активна и на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм каде ја споредуваат со Српската Карлеуша, по изгледот и облекувањето. И посакуваме голем успех на Марина во Бугарија.

Коментари

Популарно