ФОТО: Трамп се залета по друга Иванка!

Контроверзниот милионер, Доналд Трампго користи Твитер со години, но направи голема грешка која предизвика исмевање, а на една Хрватка и донесе неочекувана популарност на социјалните мрежи.

Имено Трамп побрзал на ретвитува еден пост за неговата ќерка Иванка Трамп, не забележувајќи голема грешка.

Лоренс Гудстајн од Масачусес ја пофали Иванка Трамп, велејќи дека е жена со вистински карактер и стил.

Меѓутоа тој во постот напишал @Иванка, наместо @Иванка Трамп, па на тој начин случајно и се обратил на Иванка Мајиќ, жена од хрватско потекло, која живее и работи во Англија, како истражувач и дигитален советник во градското собрание.

Проблемот не би бил голем доколку Трамп, не проверувајќи, го ретвитувал тој пост на милиони свои следбенции, меѓу кои многумина го сториле истото.

Така преку ноќ Иванка Мајиќ добила и бројни нови следбеници, а Трамп многумина го исмеале.

Мајиќ, ја искористила можноста да му одржи лекција на Трамп.

-Вие сте човек со голема одговорност. Можам да предложам да бидете повнимателен на Твитер и повеќе време на поминете учејќи за климатските промени – напишала таа.

Трамп долго време ги негираше климатските промени, но неодамна го ублажи својот став, изјавувајќи дека има поврзаност меѓу луѓето и климатските промени и дека со отворен ум разгледува дали САД ќе бидат дел од меѓународниот договор за климатските промени.

Коментари

Популарно