Во елитен хотел во Лондон, во кој претседателскиот апартман чини околу 1.500 фунти на ден, свадба правеше внуката на рускиот милијардер Валериј Коган, Ирина, која се омажила за својот избраник Даниел Кевиј. На свадбата присуствувале многу познати личности.
На веселбата пееше Марија Кери, која за нејзиниот настап добила 2,5 милиони фунти, а за младенците таа го изведе хитот „We belong together“.
Меѓутоа, на свадбата не настапи само Мараја. Настап имаше и Елтон Џон, а според информациите, ниту неговиот хонорар не бил помал од еден милион фунти. Својот хит „Tiny Dancer“ тој ѝ го посвети на невестата, која во тој момент се расплака.
- Ова е за Ирина. Таа не е толку мала, но знам дека добро танцува бидејќи можев да ја видам оттука - изјавил музичарот.
Како диџеј на свадбата настапи Марк Ронсон.
Меѓу гостите беше и холивудскиот актер Антонио Бандерас, кој одржа говор.
Инаку, богатството на Валериј Коган, дедо на Ирена, се проценува на околу две милијарди долари.
#wedding #london
A photo posted by tatevik🇦🇲 (@tatevikkar) on