Филип ѝ се закани на Александра: Ќе ти земам сѐ, ќе те оставам без динар!

Филип Живоиновиќ, посинокот на Лепа Брена, својата девојка, пејачката Александра Пријовиќ, ќе ја остави без скршен денар. Тој на Копаоник зимувал на сметка на пејачката, постојано за наплата ја користел нејзината картица, иако како што пишуваат медиумите тој во својот џеб имал свои пари.

Како доказ екипата на Курир стрс пренесува разговор меѓу Филип и Александра каде тој вели дека целата сметка од престојот во хотелот ќе ја плати таа со нејзината платежна картица.

– Сметката ќе ја ставиме на нашата соба, па пред да го напуштиме хотелот се оддеднаш ќе платиме. Всушност ќе платам со твојата платежна картица, рекол Филип.

На фолкерката ова навистина не и се допаднало, направила гримаса со која му ставила на знаење на Филип дека се лути.

– Нема молам! Ќе ти ги земам сите пари, ќе те оставам без денар. Ќе банкротираш покрај мене, ме слушна? Ќе ја користиме твојата картичка, малку ќе си играме со неа, одговорил Филип на реакцијата на Пријовиќ.

Сепак кога видел колку таа се намуртила, не можел да издржи, а да не се насмее и да ѝ признае дека се шегувал со неа.

Инаку пејачката Александра Пријовиќ во Копаоник настапувала за Стара Нова година, каде направила голема забава, па потоа си дозволила одмор од три дена.

Коментари

Популарно