(ВИДЕО) Британците во шок од српската турбо фолк естрада: На пејачката и испаѓаат градите, а таа пет пари не дава!

Тоа што се случува на балканската естрадна сцена, ни на Британците не им е сосема јасно, иако ја измислиле популарната музика!

Правејќи репортажа за Балканот и неговата автентична фолк музика, престижниот британски „Мирор“ објави снимки од концертот на српска турбо-фолк пејачка Милица Павловиќ, каде што пее само по трико и корсет, од кој додека таа танцува, постојано и излегуваат градите.

„Среде енергичниот настапа на пејачката, нејзините гради постојано излегуваа од корсет, ама пејачката беше толку фокусирани на настапот, што дури и не го забележа она што и се случува“ – пишува новинарот на „Мирор“ во текстот и потенцира дека во Србија, Милица повеќе пати е прогласена за „најсекси пејачка“.

Коментари

Популарно