ВИДЕО: Мигранти силувале Швеѓанка, нападот одел во живо на Фејсбук

Во живо на социјалната мрежа Фејсбук се емитувало неколкучасовното изживување на банда од тројца мигранти врз 30-годишна девојка. Напаѓачите, кои биле вооружени, веројатно ја издрогирале девојката, која на снимката е во полусвесна состојба. Нивниот напад врз девојката го снимале со мобилен телефон и го емитувале во живо на група на Фејсбук која брои околу 60.000 члена.

Напаѓачите, кои се со азиско потекло, биле на возраст од 18, 20 и 24 години. Нападот се случил во неделата утрото, во апартман во градот Упсала, на 70 километри северно од Стокхолм.

Полицијата била известена дека се случува напад и силување, но таа упаднала во апартманот откако завршил половиот напад и откако девојката се освестила. На снимката, која е достапна на интернет, се гледа разговорот на тројцата Азијати со девојката кои се потсмеваат со неа. Еден од нив ѝ објаснува дека сè било само забава и дека тој не легнал со неа.

Сепак, за кратко време се појавува полицаец кој почнува разговор со присутните во собата. Набргу потоа прекинува емитувањето во живо.

Оваа снимка предизвика полемики за тоа што сè може да се емитува на Фејсбук и на социјалните мрежи. За телевизиите постојат строги регулации кога станува збор за емитување во живо, но кај социјалните мрежи такви регулации не постојат.

Сè се сведува на одлуката на администраторите на социјалната мрежа дали и кога ќе отстранат некоја содржина. Снимката од нападот врз девојката е отстранета.

Коментари

Популарно