ВНИМАНИЕ: Во автобусот нема возач!

Со цел да се намали градското загадување, Париз воведе кодирани налепници, со цел - да се намали бројот на автомобили во градот, и пушти во промет автобус што сообраќа без возач.

Имено, станува збор за возило со бренд назнака ЕЗ-10, коешто работи и се движи со помош на сензори и камери. Засега, возењето е експериментално, соопштија локалните власти.

Сличен експеримент се спроведува и во градот Лион.

Коментари

Популарно