(ВИДЕО) ЕДНОСТАВЕН И БЕЗ ГОЛОТИЈА: Новата песна и спот на Северина

Новата песна на Северина, насловена “Kao”, е една од најубавите балади во нејзината кариера, барем според зборовите на нејзините соработници.

Од денес, и фановите имаат можност да ја слушнат оваа песна, како и да го погледнат видео записот за истата.

Песната “Kao” е прва од нејзиниот нов, 13-ти албум, а судејќи според баладата фановите ги очекува навистина одлично издание од една од најпопуларните пејачки на Балканот.

Видео записот е изготвен во едноставен стил, каде се доловува нежната страна на Северина, а режијата ја потпиша Дарко Дриновац.

Коментари

Популарно