РУСИЈА: Груевски и Ахмети се победници

Очигледна е целта, како што се потенцира, западот да расчисти со македонските политичари кои не му се омилени и покрај јасно изразената волја на граѓаните на изборите во полза на коалицијата „За подобра Македонија“ на чело со Груевски и ДУИ на Ахмети.

Сериозно се продлабочува политичката криза во Македонија и силното надворешно влијание, се наведува во реакцијата на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација за ситуацијата во земјава. Оттаму додаваат дека е очигледно оти вештачки предизвиканите вонредни парламентарни избори што се одржаа на 11-ти декември не придонесоа за решавање на ситуацијата.

Под псевдодемократски слогани продолжува длабокото надворешно влијание врз политичките сили во државата, се нагласува во реакцијата. Очигледна е целта, како што се потенцира, западот да расчисти со македонските политичари кои не му се омилени и покрај јасно изразената волја на граѓаните на изборите во полза на коалицијата „За подобра Македонија“ на чело со Груевски и ДУИ на Ахмети.

Убедени сме, потенцираат од руското МНР, дека целосното отфлање на штетните надворешни влијанија, фокусирање на вистинската демократија, и самостојното решавање на внатрешните проблеми, се основа за зацврстување на довербата меѓу народите и создавање регионална клима за безбедност.

Коментари

Популарно