Волкан Чоплан (Кенан од "Елиф") открива зошто ја напушти серијата

40 годишниот турски актер Волкан Чолпан до минатата година го гледавме во улогата на Кенан, такото на Елиф во сапуницата "Елиф", но во третата сезона повеќе го нема.

Од минатата недела на Канал 5 се емитува третата сезона на маратонската турска серија "Елиф", но гледачите се зачудија затоа што трагичниот пожар во серијата однесе две жртви и тоа Кенан, таткото на Елиф и Тукче, најдобрата другарка на Елиф.

Во краткото интервју со актерот, тој открива дека всушност ја напуштил серијата, а продуцентите решиле да го отстранат неговиот лик така што Кенан би изгорел во пожарот.

Во третата сезона го нема ликот на Кенан. Зошто одби да бидеш дел од актерската екипа во новите епизоди?

- Одлуката да ја напуштам серијата ја донесов бидејќи продукциската куќа “Green Yapim” и јас не успеавме да се договориме околу хонорарот за новата сезона. Ме понижија со мизерен хонорар! Полесно им беше да го убијат ликот на Кенан, отколку да го одврзат кесето!

Дојде во серијата како замена за Алтуг Сечкинер (актерот кој го толкуваше ликот на Кенан во првата сезона од серијата). Дали беше тешко да играш лик кој некој пред тебе веќе го играл? Како те прифатија колегите, а како публиката?

- Секој актер му дава на ликот свој личен печат додека го оживува. Така да и јас глумев поинаку од својот колега. Мојата изведба им се допадна како на гледачите, така и на останатите актери.

Како се сложуваше со Селин Сезгин која во серијата го толкува ликот на Мелек? Како ти се допаѓа таа како актерка?

- Многу добро се сложувавме. Селин е успешна глумица и многу професионална.

Што работеше пред серијата “Елиф”?

- Немам богато искуство, го толкував ликот на докторот Јаман во серијата “Пустина”.

Што можеме да очекуваме од тебе во иднина кога станува збор за глумата? Каква улога посакуваш?

- Би сакал да глумам негативец во некој нов проект, се надевам дека и тоа ќе се случи.

Коментари

Популарно