ФОТО: Ова е Билјана - Македонката која го победи ракот

Луѓето денес мора да знаат дека ракот колку и да звучи страшно, сепак се лечи. Има многу луѓе кои се избориле со оваа тешка болест.

Животната приказна на една млада жена, прекрасна мајка, вистинска пријателка.... секогаш насмеана и позитивна... жената која го победи ракот.....Запознајте ја нашата Билјана Јанеска од Штип која долги години живее во Охрид.

Билјана Јанеска

Во септември 2014 година и открија малиген меланом со метастаза на колкот и лимфните жлезди. Веста секако ја потресе, го смени нормалниот тек на живот на целото семејство. Страв, грижа, тага, но нашата Билјана како вистински херој ги фрли зад себе и одлучи да биде прав борец. Вербата во Бога, милитвата и моите две деца беа основниот извор на сила во оваа битка...... со тоа успеав, раскажува Билјана за Охриднет.ком.

-Моите две ангелчиња, беа мотив инспирација да се преживее секој ден.... волјата да живеам и да докажам дека со верба во Бога и со здрава логика, упорност и здрава храна може да се победи и најстрашната болест. Секој ден и кога ми беше најтешко со верба во Бога исчезнуваа солзите од моето лице, вели Јаневска.

И после трите операции постоел огромен ризик за проширување на метастазите и враќање на болеста. Набрзо дознала за лиценцираната клиника ГЕРСОН во Унгарија , каде најтешките болести се лекуваат со специјални терапии.

- Во април 2015 заминав во Герсон клиника во Унгарија. И речиси една година сум на Герсон терапија. Тврдам дека резултатите се одлични. Терапијата се базира на природен начин на лечење. Основа на Герсон терапијата е прочистување и детоксикација на организмот, зголемување на имунитетот до тој степен да може телото само да се избори со болеста.

Во основа е здравата органска храна , цедените сокови на база на морков , клистирање со органско кафе за причистување на џигерот, и природни суплементи кои го помагаат овој процес. И секако многу е важно да се трудиме што повеќе да водиме живот без стрес и многу позитивна енергија, објаснува нашата соговорничка.

Организмот сам може да го излечи ракот, жив пример за тоа е Билјана, која денес има одлични резултати.

-Вашето тело има моќ да се излечи само. Герсон терапијата е еден начин да му овозможите на вашето тело да ги санира сите болести. Бидејкќи кога телото само се лечи тоа лечи се!

Во Герсон центрите можете да добиете стартна обука и да сте под нивни надзор за време на целата терапија. Др Макс Герсон добил Нобелова награда за ова достигнување на кое го посветил целиот свој живот и успеал да изечи многу луѓе при што главен предизвик му биле пациентите во многу тешки стадиуми и болести.

Повеќе видови канцер ( маланома, рак на дојка, на панкреас.....и др) мултипллекс склероза, автоимуни заболувања, дијабетис, детоксикација на затруен организам. Во клиниката каде што бев јас сите доктори се врвни онколози кои самите го излечиле ракот без хемотерапија и со помош на Герсон терапија. Пред 8,10,11 години. Има и нутриционисти, психијатри, сестри.

Коктелите од зеленчук и овошје се секојдневие

Мојата порака до сите е никогаш да не се откажуваат , волјата и вербата во Бога пред се, и да сфатат дека нашето тело е програмирано само да се лечи, порача Билјана.

Ако некој сака да ја контактира Билјана може на нејзиниот Фејсбук профил Biljana Yaneska, таа е подготвена да ви помогне и да ве упати......

Ова е линк од Герсон институт: http://gerson.org/gerpress/

Охриднет.ком

Коментари

Популарно