Тажна вест: Угина еден од двата морски лава во скопската зоолошка

Денеска во утринските часови угинал еден од двата морски лава во скопската Зоолошка градина, кои се дојден од зоолошката градина во Загреб.

Од зоолошката градина соопштуваат дека не знаат дали причините за угинувањето на морскиот лав се последица на ниските темпеатури и временските услови. Морскиот лав е даден на обдукција на Факултетот за ветеринарна медицина „По добивањето на резултатите од обдукцијата, подетално ќе бидете информирани“, велат од Зоолошката.

Веднаш по оваа информација, реагираше здружението за заштита на животните „Анима мунди“ кои ги повикаа сите оние кои ги сакаат животните да ја бојкотираат зоолошката.

„Ги повикуваме сите кои ги сакаат животните да го бојкотираат тоа дувло, да ги бојкотираат зоолошките секогаш и секаде! Немојте да бидете соучесници, немојте со свои пари да го финансирате ропството на оние кои не ни згрешиле ништо, кои се осудени да умрат далеку од своите природни живеалишта, осудени никогаш да не почувствуваат слобода!“, се вели во реакцијата на Анима мунди.

Коментари

Популарно