Од утре престанува мерката за бесплатен превоз за сите граѓани

Во согласност со податоците од Министерството за животна средина и просторно планирање, кое е надлежно за следење на квалитетот на воздухот, среднодневните концентрации на ПМ10 се под дефинираниот праг и епизодата од десет последователни дена е прекината.

Според тоа, од утре се укинуваат воведените мерки за бесплатен превоз за сите граѓани и ослободувањето од работа за вработените во Град Скопје и во јавните градски претпријатија над 60-годишна возраст со хронични заболувања, како и бремените жени.

Сепак градот Скопје ќе продолжи со следниве мерки:

1.Интензивна контрола на градилиштата, односно возилата што излегуваат од градилиштата мора да имаат измиени тркала и да се покриени со церади заради контрола на прашината.

2. Ќе продолжиме со интензивното миење на градските улици и булевари што се во надлежност на Град Скопје.

3. Градот Скопје ќе го продолжи интензивниот инспекциски надзор над инсталациите што се во негова надлежност.

Коментари

Популарно