Евакуиран аеродромот во Хамбург – патниците тешко дишат, се шири чуден мирис

Терминалите еден и два на меѓународниот аеродром во Хамбург утринава се евакуирани откако стотина патници почувствувале силен мирис од непозната природа и имале проблеми со дишењето, објавија германските медиуми.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, по брзата реакција на противпожарните екипи и службите за безбедност на аеродромот сите патници и вработени на терминалите биле евакуирани на паркинг просторот пред аеродромската зграда.

Според медиумите меѓу педесетината патници кои што се пожалиле на проблеми со дишењето нема сериозно нарушување на здравјето, а засега не се знае ниту причината за силниот мирис, што предизвикал паника на аеродромот во Хамбург.

Коментари

Популарно