КОРИСТЕТЕ ГИ НАЈНОВИТЕ ТЕХНОЛОГИИ: Научете да создавате нови содржини преку социјалните медиуми!

Проектот VoiceUp, е насочен кон сите млади заинтересирани за создавање постери, фотографии, музика, кратки филмови и секакви аудио, визуелни и аудио-визуелни содржини преку кои ќе одекне нивниот глас, став, мислење и идеја за сите прашања кои ги засегаат нив и нивното опкружување. Истиот, треба да ги поттикне младите креативци во Македонија активно да се ангажираат во создавањето на нови содржини и нивна промоција преку социјалните медиуми.

Проектот се одвива во неколку фази во кои веќе беа успешно реализирани пет еднодневни средби за пренос на знаење во пет градови низ Македонија – Битола, Свети Николе, Скопје, Гостивар и Куманово. За време на овие настани, учесниците имаа можност да се стекнат со алатки за промоција на сопствените идеи преку социјалните медиуми, да се запознаат со моќта која социјалните медиуми ја имаат во денешното општество, и да научат како да ги реализираат своите замисли поврзани со теми кои нè допираат сите нас, преку аудио, визуелни и аудио-визуелни форми. Меѓу другото, за време на проектот се снима и документарен филм кој премиерно ќе биде прикажан на завршниот настан, што ќе биде сублимат на сè она што било сработено од страна на учесниците.

Особена важност на овој проект е тоа што ги спојува социјалната димензија на социјалните медиуми и мултимедијалните содржини, како идеален начин за креативно изразување. VoiceUp има посебна веб платформа – (www.voiceup.mk) на која можат да се најдат сите содржини изработени од учесниците и која овозможува пристап до туторијали и форум преку кои, учесниците можат да разменуваат знаења и директно да контактираат со самите ментори. Сите оние кои не успеале да присуствуваат на нашите еднодневни средби, а се заинтересирани за истото, можат да се приклучат на платформата VoiceUp и со својата креативност да придонесат за будење на граѓанската свест.

Проектот VoiceUp е поддржан од УСАИД Македонија и се реализира во соработка со Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, Еуро Колеџ – Куманово, Центарот на култура АСНОМ во Гостивар и бројни невладини организации од цела Македонија.

Ако сакате да дознаете повеќе за Voice Up истото може да го сторите на:

Facebook

https://www.facebook.com/voiceup.mk/

Twitter

https://twitter.com/VoiceUp_Mk

Instagram

https://www.instagram.com/voice.up/

YouTube

https://www.youtube.com/channel/UCeUIZOSZfyVuYUBMARkQarw

Коментари

Популарно