Сакаше да ме силува кога имав 18 години – Потресно искуство на Гоца Тржан

Гоца Тржан проговори за искуство од минатото кое ја одбележало и не било ни малку пријатно.

Гоца еден маж сакал да ја силува.

-Морам да признаам и немам никаков проблем со тоа дека имав непријатно искуство. Имав 18 години – открила Гоца Тржан во емисијата Ексклузив.

На неа непријатното искуство и се случило на Заечарската гитаријада, на која настапувала со еден рок бенд.

-Тоа секогаш се случува со луѓе кои ги познавате и во кои имате доверба. Не сакам да зборувам за тоа, тоа е дел од моето минато. Многу непријатно искуство со кое се изборив лесно, освестувајќи го тој дел од себе – објаснила Гоца во емисијата.

Коментари

Популарно