Владо Јовановски: Против мене тргнаа со тешка артилерија

„Ако сум толку моќен дајте ми да решиме некое од нашите колективни права, да издејствуваме признавање на Македонија во соседните земји. Не сакам повторно да се навраќам на темата бидејќи колку повеќе еден човек се брани, толку повеќе изгледа како да крева табла дека да е виновен, а не сакам да им дадам дополнително повод. Мене ме нападна глутницата, јазјарена и координирана, не знам колку следевте меѓутоа имаше еден ден пауза за да се консолидираат и да добијат директиви. Јас сум избран како таргет и сега ме линчуваат“, изјави Јовановски.

Оваа недела во ОКО на ТВ НОВА со Горан Петрески се зборуваше за говорот на омраза. Во студиото гостуваа актерите Mарин Бабиќ, Тони Михајловски, Агрон Биба и Владо Јовановски.

Коментари

Популарно