Видео: Клиенти им биле познати лица - детали за дилерите кои паднаа во акцијата „Мрежа"

Во акција на македонската полиција беше растурена улична криминална група за која постојат сомневања дека продавала дрога на улиците во Скопје, а според најновите сознанија до кои дојде Нетпрес, повеќе познати личности биле дел од мрежата.

Извори блиски до истрагата информираат дека клиентела на Сетко му биле познати лица од естрадата, сопственици на познати кафулиња и поимотни лица од Скопје. Начинот на работа бил едноставен. Одржувал лични контакти со своите муштерии, се нарачувала количина, а кокаинот го испорачувал лично тој, но понекогаш и преку останатите членови од групата. Се одело на лице место каде што барал нарачателот.

-Сетко се чувствувал многу сигурно затоа што имал контакти и со поранешен командант на единицата „Алфи“, но и поранешни службени лица во НТС во МВР. Имал клиенти и меѓу полицијата. Извори од истрагата велат дека ќе треба време да се заврши анализата и да се утврди целата шема на соработници, клиенти и контакти, пишува „НетПрес“.

Во однос на тоа од каде ја набавувал дрогата, според досегашните сомненија, станува збор за лице од Нови Пазар, познато на службите и поради контакти со извесни радикални структури.

-Двајцата браќа, Седа и Есад, се познати и по тоа дека биле и во друштво со Аце Циганот, Дилавер Бојку, Стајл Фрчкоски, Буцо Лазов и Роли Јакуповиќ. Уапсената криминална група која дилала дрога е составена од пет лица на возраст од 26 па се до 51 година. Истражен судија на сите петмина и одреди по 30 дена притвор.

Според информациите на МВР групата набавувала и продавала наркотична дрога на нарко зависници од подрачјето на Град Скопје но и во други градови од државава.

Наркотичните средства дилерите ги продавале по цена од 3000 до 4500 денари за една паковка.

Ова е акцијата на апсењето објавена од МВР:

Коментари

Популарно