Колку пари трошат Трамп и семејството?

Весникот Washington Post ги објави трошоците на претседателството на САД, Доналд Трамп во првиот месец од неговото доаѓање во Белата куќа.

Тие изнесуваат 11,3 милиони долари за само еден месец.

Семејството на бившиот претседател, Барак Обама трошело нешто помалку, околу 12,1 милиони долари, но во текот на цела една година. За споредба, семејството на Трамп троши 12 пати повеќе пари од семејството на Обама.

Помеѓу трошоците на Трамп се и три патувања во Флорида во Мар-а-Лаго каде што тој има приватна резиденција и бизнис патувања на членовите на неговото семејство.

За трите викенди на Трамп во Флорида се потрошени 360.000 долари.

Голем дел од средствата се трошат и на неговите телохранители и тајни служби за обезбедување на претседателот и неговото семејство.

Коментари

Популарно