Не издржа: Дара Бубамара се смири со бившиот

Дара Бубамара се смири со тринаесет години помладиот кошаркар Душко Буниќ.

Пејачката и спортистот ја обновиле врската пред две недели во Словенија, каде Буниќ игра за клубот Крка. Кошаркарот веднаш по раскинувањето, сфатил дека погрешил што ја оставил Дара поради љубомора, па го поправил тоа.

- Душко ја искористи приликата што Дара е на турнеја во Словенија. Штом дозна дека доаѓа во Копар, каде имаше концерт, ја побара да се видат и да ги решат проблемите. Еден ден по настапот одлучија да се видат и да си дадат нова шанса, изјавил извор близок на пејачката.

Тој потенцира дека Дара е толку среќна, па поради љубовта планира се пресели во Словенија.

- Дара слободното време го поминува во Словенија. И Душко е заљубен во неа и нема да дозволи ништо да ја наруши нивната љубов, вели изворот.

Дара за српскиот портал Курир вели дека е среќна и задоволна.

- Се е во најдобар ред. Среќна сум и задоволна. Се ми добро оди и љубовта и кариерата. Зарем морам да се фотографирам со својот партнер за на Инстаграм, за да потврдам дека сум исполнета жена,вели Дара.

Коментари

Популарно