ФОТО: Вака бујно изгледала Сузана Турунџиева пред 20 години

Водителката и пејачка Сузана Турунџиева редовно ги користи социјалните мрежи, а деновиве изненади со една ретро фотографија направена пред 20 години.

Таа ги потсети своите следбеници, пријатели и обожаватели од времето кога почесто настапуваше и пееше, но имаше и поинаков имиџ.

-Младост, музика и едно откачено фризурче кое мојата Соња Соник ми го правеше пред 20 години…, напиша Сузе.

Она што може да се забележи е дека изгледа побујно од сега, секако помладо, но со истата доминантна женственост.

Пријателите веднаш и порачаа дека е вистинска безвременска убавица.

Коментари

Популарно