Нема молчење ниту лутење: Хелена Роза распали по „Златна бубамара“ – Немам ништо против Тамара и Даниел ама…

На поранешната водителка Хелена Роза не и се допадна тоа што годинава на манифестацијата „Златна бубамара“ која се одржа неодамна, наградата за најдобар пејач и пејачка ја понесоа Даниел Кајмакоски и Тамара Тодевска.

По тој повод, таа распали на социјалните мрежи и без влакна на јазикот го напиша своето видување.

-Хахаха „Златна бубамара“ почнала да дава награди за семејни вредности. Даниел Кајмакоски затоа што ќе се жени, а Тамара затоа што стана мајка и ја чуваше Хана. Ок… без љутиш, немам ништо против никого… поготово против Тамара. Даниел никогаш не ми бил омилен ниту почитуван.. ама мислам дека некои други пејачи ја заслужуваа повеќе наградава, напиша Хелена.

Инаку, во период кога македонската музичка сцена и не беше на некое завидно ниво, гореспоменатите пејачи и не беа многу посветени на музиката, туку на приватноста. Тамара стана мајка и целосно и се посвети на Хана, а пак Даниел како да исчезна на сцената, а потоа изненади со веста дека ќе стане татко.

Во контекст на ова, пријателите и следбениците на Хелена се сложија со нејзиното мислење, а пак таа дополни дека ова не треба да се премолчи, па затоа го соопшти јавно.

Коментари

Популарно