(ВИДЕО) Летечки пожарникари: Вака се гаси пожар во Дубаи

Властите во Дубаи решија да направат значителни промени во делот на инвестирањето во новата опрема за пожарникарите и лицата кои секојдневно се борат со огнените јазици.

Секоја опрема поединечно чини 35 илјади долари, а компанијата од Нов Зеланд е првата ваква компанија која пласира на пазарот опрема за гаснење на пожари многу подалеку од обичните цистерни со вода и пожарникарски камиони.

Дубаи кој е познат по густиот метеж во сообраќајот често се соочува со сообраќајни несреќи во кои највеќе луѓе и автомобили страдаат од пожар кои се предизвикува од удар со друг автомобил.

Компанијата на барање на властите во Дубаи засега испорачала 20 комплета од оваа опрема џек-пак која досега често се користеше како водна атракција на туристите.

Коментари

Популарно