Уште денеска сончево и убаво време, од утре...

Денеска е петок, 24 февруари 2017 година, 55-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 310 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 19 минути, а ќе зајде во 17 часот и 16 минути.

Денов трае 10 часа и 57 минути.

Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во 4 часот и 48 минути, а ќе зајде во 15 часот и 9 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде релативно топло со мала облачност која во текот на денот ќе се проширува. Ќе дува умерен јужен ветер кој во западните делови повремено ќе засилува.

Утринската температура ќе се движи од минус два до три, а дневната од 14 до 21 степен.

Во Скопје релативно топло со облачност која во текот на денот ќе се зголемува. Ќе дува умерен повремено засилен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до нула, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

Во текот на ноќта кон сабота и во сабата преку нашето подрачје ќе помине влажен и постуден бран кој ќе услови зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Повеќе врнежи ќе има во западните и северните делови, каде локално се очекува да наврнат околу 15 литри на метар квадратен. Во сабота од север ќе се прошири повремено засилен северен ветер. Дневните температури за викендот ќе опаднат за шест до девет степени и во недела ќе бидат во интервал од шест до 12 степени.

Коментари

Популарно