ДУИ уште тактизира - конечната одлука дури во...

ДУИ најави дека во понеделник ќе има конечна одлука. Консултациите ќе продолжат во текот на викендот зад затворени врати – рекоа од партијата, а во понеделник ќе биде соопштена конечната одлука. Ова ќе биде тежок за ДУИ бидејќи Али Ахмети и неговите соработници треба да одлучат дали ќе влезат во новата влада со функционерски места или ќе останат во опозиција и ќе и дадат поддршка на малцинската влада која според нив би требало да има само еден приоритет – законот за употребата на албанскиот јазик.

Неколкумина од раководството на ДУИ се залагаат партијата да остане во опозиција бидејќи ако биде дел од новата реформска влада ќе мора активно да учествува во измена на законите кои самата ги донела. Исто така, ако ДУИ биде опозиција, Ахмети не би го прекршил принципот „победник со победник“. Сепак, според досегашните брифинзи, дел од потпретседателите на ДУИ се залагаат за коалицирање со СДСМ и влегување во новата влада.

Заев од Сараево кажа дека во март ќе состави влада, а портпаролот на ДУИ Бујар Османи не сакаше да ја коментира таа изјава. Тој рече дека ДУИ допрва ќе носи одлуки.

Коментари

Популарно