(ВИДЕО) Македонски ѕвезди препеаја хит од Тоше Проески за најава на мјузиклот за нашиот ангел

Мјузиклот „Тајно моја“ посветен на незаменливиот и непреболен Тоше Проески ќе се одржи на 10 март во Македонската опера и балет. По тој повод, учесниците во овој голем проект снимија видео во кое го изведуваат хитот „Сонце во твоите руси коси“ на прерано починатиот пејач.

Меѓу славните личности кои се појавуваат во официјалното видео се Игор Џамбазов, Александар Тарабунов, победниците од „Кастинг талент шоу“ – Антонија Гиговска и Денис Димовски, Јана Стојановска и Весна Петрушевска.

Погледнете го видео, кое е во режија на Огнен Шапковски:

Коментари

Популарно