ВИДЕО: Вака се прави абортус - Бебето прво останува без нога и рака, па главата му се дели на парчиња

Една од главните теми на дебата на ланските претседателски избори во САД беше шравото на секоја жена да одлучи дали да абортира. И кај нас оваа темае интересна за јавноста и експертите веќе неколку години.

Доктор Ентони Левантино, гинеколог кој прави абортуси, користејќи анимација, објасни што при абортирањето се случува со мајката и со бебето.

Тој сам извел 1.200 абортуси.

Во видеото зборува за тоа како се завршува бременоста во второ тромесечје. Тогаш бебето е во 20-та недела и е со големина на дланка на возрасен човек. Се гледа како со медицински инструменти, од малото суштество прво се отстранува ногата, па раката, па дел по дел од главата.

- Поголемиот дел од јавноста не е информиран за тоа што се случува при абортус- велаат од организациите кои се борат против абортусите.

Погледнете го видеото:

Коментари

Популарно