(ВИДЕО) Христијан Пецев со емотивен видеозапис за роденденот на саканата Лора Турунџиева

Младиот талентиран пејач, Христијан Пецев одлучи да и подготви несекојдневно изненадување на својата сакана Лора Турунџиева за нејзиниот роденден.

Имено, станува збор акустична кавер верзија на „Фотограф“ од Ed Sheeran во изведба на Христијан Пецев, а видеозаписот е составен од повеќе заеднички видеа со саканата Лора Турунџиева.

Видеото е во продукција на „Stardust Production“, за звукот се погрижи Горан Милошески, гитара Стефан Филков, а пратечките вокали ги отпеаја Филип Кирјаку и Стефан Филков.

Погледнете во продолжение за што точно се работи, можеби ќе биде вистинска инспирација за и вие вака да изненадите некого.

Твнова.мк

Коментари

Популарно