(ВИДЕО) МОНСТРУМ: Своите жртви ги криел во дупка во ѕидот

Британскиот педофил и силувач Мајкл Дан (57), кој е осуден за злоставување на четири жени во период од неколку децении, полицијата можела да го уапси уште пред 24 години, но не реагирала на пријавата. Дан ги започнал своите гнасни злосторства и силувања уште во 1978 година, кога имал само 18 години. Се верува дека до апсењето силувал најмалку 10 лица, бидејќи живеел на неколку локации во Англија.

Дан во 1978 година силувал 10-годишно девојче, а додека го злоставувал, му велел дека „тоа го прават момчињата и девојчињата”. Негови жртви биле малолетнички, а силувал и една 26-годишна девојка.

Откриено е дека овој британски Џосеф Фрицл држел две тинејџерки како сексуални робинки во специјално ископана дупка во ѕидот зад фрижидерот. Тој дупката ја направил со чекан и потоа ја покрил со плочки.

Дан во 1993 година во куќата прво намамил едно 14-годишно девојче, кое избегало од дома. Го злоставувал и го силувал, но девојчето некако успеало да избегаод него. На мајка си и’ раскажало што преживеало, а таа веднаш пријавила во полиција. Но, за жал, полицајците не реагирале.

Дан подоцна на ист начин намамил уште едно 14-годишно девојче, со алкохол и цигари. Го држел затворено во својата куќа и секојдневно го злоставувал. Полицијата неколку пати ја барала тинејџерката во неговиот стан, но безуспешно. Дан ја сокрил во дупката зад фрижидерот. Дури поставил и две кучиња за да им го одземат вниманието на полицајците.

Судијата рекол дека тој е манипулативен и насилен, и дека ги тепал своите жртви ако му се спротивставеле. Соседите и роднините велат дека бил чуден и склон на алкохол.

Коментари

Популарно