(ВИДЕО) Талентот го наследи од мама: Еве како пее синот на Брена

Стефан Живоиновиќ, син на пејачката Лепа Брена и поранешниот тенисер Слободан Боба Живоинович, се пофали со пејачките способности на Инстаграм.

Имено, неговиот брат, Филип Живоиновиќ објави на социјалните мрежи видео снимка каде Стефан е во музички занос. Синот на Брена свири клавир и ја пее песната од Саша Матиќ, а нема сомневање дека талентот го наследил од својата мајка.

„Моето срце свира и пее од нашиот драг Саша Матиќ. А јас горд си уживам“, напиша Филип во описот на снимката.

Стефан доби низа комплименти на сметка на доброто пеење.

"Прекрасен глас. Браво. Преубаво свири и пее“, се само некои од коментарите.

Коментари

Популарно