(ВИДЕО) Затвореници спасиле полицаец од друг затвореник: Сакал да го задави чуварот со пешкир

Затвореникот на Флорида кој нападнал чувар и се обидел да го задави со пешкир, го совладале останатите затвореници и му го спасиле животот на полицаецот.

Безбедносните камери во затворот Фалкенберг роуд во Тампа го снимиле моментот кога 22-годишниот Киондре Закери се обидел да го задави затворскиот чувар Д. Хернандез, кој со ништо не го предизвикал на напад. Инцидентот се случил во вторникот, пишува Daily Mail.

На снимката се гледа како Закери го замотува пешкирот околу вратот на 31-годишниот чувар, а се се случило пред 72. други затвореници ви пренатрупаниот затвор. Хернандез се борел со Закери пред да успее да побегне од неговиот стисок. Закери потоа се обидел да го удри, но тогаш скокнале другите затвореници и го спасиле.

Хернандез притоа ги повредил зглобот и коленото, а на вратот има модринки како последица од нападот. Работи како затворски чувар 10 месеци.

Закери затворска казна служби поради грабеж. Поради овој напад дополнително ќе се товари, а преместен е во самица. Локалниот шериф соопштиле дека затворениците го спасиле чуварот од сериозни повреди.

Коментари

Популарно