(ВИДЕО) ГИ ПОКОСИЈА ЏИХАДИСТИТЕ КАКО СНОПЈЕ: Руски воени авиони со земја срамнија терористички камп

Терористите се собраа во група за да видат што се случува и ги дочека стравотна експлозија.

Видео снимка која неодамна се појави на интернет покажува како руските воздухопловни сили ја изведоа акцијата за бомбардирање на еден од терористичките кампови на „Фронтот Ал Нусра“.

Снимката е направена си помош на со беспилотно летало, а на неа се гледа првиот удар врз групата милитанти и товарните возила. На местото каде што беше ликвидиран првиот бран на терористи, подоцна се собра поголема група од нивни соборци, по што уследи вториот воздушен удар на руските воени авиони.

Руското министерство за одбрана информираше дека воздушниот напад бил извршен во областа Рамс ел Ајс, 28 километри југозападно од Алепо.

Во овој напад, според информациите од руската армија, биле ликвидирани 67 терористи, вклучувајќи 19 командири, со потекло од Северен Кавказ и Централна Азија, а околу 104 џихадисти биле повредени.

Во продолжение, погледнете го видеото.

Коментари

Популарно