(ВИДЕО) СКАНДАЛ ВО АРЕНАТА: Навивачите со аплауз го поздравија Албанецот, а тој им возврати со двоглав орел

Сосема непотребен потег од страна на албанскиот атлетичар.

Своевиден скандал се случи неодамна на Европското првенство во Белград, кога албанскиот натпреварувач во дисциплината скок во далечина, Измир Смајилај, на аплаузот од белградската публика одговори со прекрстување на рацете во вид на симболот „двоглав орел“, кој се наоѓа на знамето на Албанија.

Многумина од публиката овој потег на атлетичарот го сфатија како непотребна провокација, особено поради фактот што во текот на натпреварувањето тој постојано имаше поддршка од трибините.

Инаку, албанскиот претставник го освои златниот медал во скок во далечина, бидејќи во последната серија оствари резултат, од 8:08.

Коментари

Популарно