(ВИДЕО) ЧЕТИРИ ТЕЛА ОСТАНАА ДА ЛЕЖАТ: Брутална тепачка со ножеви, маси, столови во Бристол

Толпата се судрила и со полицијата која дошла да ја смири ситуацијата, а биле нападнати и лекарските тимови додека им укажувале прва помош на повредените.

Најмалку четворица се здобиле со прободни рани од ножеви во бруталната масовна тепачка што се случила во центарот на Бристол во саботата вечерта. Мешаницата почнала прво во ноќен клуб, за бргу потоа конфронтацијата да се пресели на улица каде што судирот меѓу две спротивставени групи бил безмилосен.

Се појавија и снимки од крвавата тепачка на кои се гледа како насобраните се гаѓаат со маси, столови, со метални предмети и беспоштедно се клоцаат едни со други. Во тепачката учествуваа и девојки кои, рамо до рамо со мажите, фрлаа сè што ќе им дојде до рака.

Според полициските соопштенија, во тепачката биле употребени и ножеви, при што четворица се здобиле со тешки рани од острите предмети. Толпата се судрила и со полицијата која дошла да ја смири ситуацијата, а биле нападнати и лекарските тимови додека им укажувале прва помош на повредените.

Коментари

Популарно