Патување од пеколот: Заробил и силувал Британка 2 месеци, еве како побегнала

На интернет кружи снимка на која се гледа моментот кога наводно киднапираната 22-годишна британска туристка влегува во продавница на бензинска станица и одбива да плати за гориво, по што продавачката повикува полиција.

Инцидентот се случил во Австралија, а според првите информации, изгледа дека Британката била заробена 2 месеци. Во тој период била силувана и напаѓана.

Со момчето се запознала на забава, почнале да се забавуваат, а потоа прифатила да оди со него на излет, но тој го искористил тоа за да ја зароби.

Жената во продавницата отишла во неделата, кога го сопрела своето возило за да го наполни резервоарот.

Кога влегла во продавницата на бензинската станица, неконтролирано се тресела и била во состојба на шок. Во тој момент во продавницата била продавачката, на која Британката и кажала дека не може да плати за горивото. Кратко подоцна, полицијата ја спасила младата Британка во близина на градот Мичел, по дојавата на сопственикот на бензинската станица.

Кога продавачката ја прашала жената зошто има модринки по телото и главата, Британката одговорила дека тоа и го направило момчето. Продавачката додала дека цело време била расплакана и затоа се загрижила за младата туристка.

Се јавиле и сопствениците на бензинската станица, кои рекле дека никој немало да и помогне доколку платела за бензин, бидејќи поради тоа продавачката се јавила во полиција.

Продавачката рекла дека Британката заминала од продавницата, и дека таа почнала да ја следи.

"Одлучив да ја следам за да ги запишам регистарските таблички и да поднесам пријава", рекла таа.

Продавачката во полиција пријавила сè што се случило, а тие набрзо го сопреле автомобилот кој го возела Британката и во него го пронашле и нејзиното момче.

Детективот Пол Харт рекол дека тоа што и се случило на младата жена е страшно, и дека истрагата е во тек.

Коментари

Популарно