ВИДЕО: Три мали деца живеат без струја и вода, на леб и шеќер

Она што било благослов за Добре и за Василка, да добијат три дечиња по 20 години брак без деца, се претвори во очај затоа што не можат да ги нахранат ниту да ги лекуваат откако пред четири години останале без социјалната помош поради, како што вели Добре, илјада денари субвенции што му стигнале на сметка.

Ниту куќа може да се каже за местото каде што јадат и спијат, ниту живот може да се нарече она што го тргаат три мали деца од кумановското село Градиште. Само беда, до толку што нема струја, вода и што е најстрашно - нема ниту леб за Ангела и за Ивана, девојчиња на 5 и 6 години, и двегодишниот Јован.

Тројцата се благословот што Добре и Василка го добиле по 20 години брак без деца.

Целата статија и многу повеќе фотографии на Телграф.мк

Коментари

Популарно