Битола: Ја убил сопругата пред 4 годишната ќеркичка

Битолчанецот Илија Дарков (53) со сукало и ја искршил главата и ја претепал до смрт својата сопруга Емануела Даркова(47) завчера во заедничкиот стан во Битола, а потоа лажно пријавил во полиција дека некој ја убил, информираш МВР.

Според официјалните информации од истрагата, причина за убиството биле нарушените меѓусебни односи. Неофицијално, пак, Илија ја убил сопругата поради расправија за станот, кој тој наводно го изгубил поради долгови, пишува ДНЕВНИК.

Четиригодишната ќерка била во станот за време на убиството

Според битолчани, како и жителите на зградата во која живееле Даркови во месноста Декорпод, Илија подолго време бил гастарбајтер, кој работел во Словенија. Откако се вратил пред неколку години, се венчал со Емануела, со која имал четиригодишна ќерка. Тоа му бил трет брак. Неофицијално, девојчето било во станот кога Илија ја убил Емануела, но најверојатно било во друга соба или спиело.

Битолчани велат дека убиецот ја реновирал викендичката во селото Магарево поради што се задолжил. Тој не можел да ги исплати долговите, па доверителите го тужеле. Долгот бил голем, па работата дошла до тоа да го изгуби станот. Најверојатно, извршител во понеделникот го продал станот, па тоа била причина за расправија меѓу сопружниците, која завршила трагично. Kога ја убил Емануела, Илија ја заклучил вратата од станот и отишол во подрумот за да има некакво алиби, па кога се вратил дома, се јавил во полиција и рекол дека ја нашол вратата од станот отворена, а сопругата мртва.

Коментари

Популарно