Поранешната девојка на Вељко ги открива сите детали: Еве каков однос имав со Цеца

Поранешната девојка на Вељко Ражњатовиќ, манекнката Ана Цакиќ открила каков однос имала со мајката на нејзината несудена љубов, фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражњатовиќ.

Ана И Вељко биле во врска само два месеца, а сега повторно се другари, открила манкенката. Освен што отворено зборувала за нивната врска, Ана открила како ја запознала Цеца и каков однос имале.

- Се случи неочекувано. Не знаев дека ќе биде со нас и се уплашив бидејќи колку и да е таа мајка на Вељко, таа за мене е нашата најголема балканска ѕвезда. Бев уплашена. Меѓутоа, таа се постави кон мене сосема природно, толку прекрасна жена, ме засени со нејзната енергија и во моите очи пред се е голем човек, рекла Ана.

Манекенката открила во каков однос е со Цеца по раскинувањето со Вељко.

- Седевме често на кафе, ја прашував за совет секогаш... Таа мене и сега ме почитува како другарка на нејзините деца, рекла манекенката.

Коментари

Популарно