ВИДЕО: Нашол дијамант вреден милиони долари и го дал за помош на државата

Свештеник од Сиера Леоне пронашол небрусен дијамант, најголем што е најден во ова земја последниве 40 години и 13-ти најголем дијамант најден воопшто во светот, па го предал на властите со надеж дека тоа ќе помогне за развој на неговата земја.

Дијамантот што го нашол свештеникот Емануел Момох бил од 709 карати. Каменот го открил во селото Јакуда, а потоа го предал на претседателот Ернесто баи Короми.

Короми изразил благодарност, рекол дека го радува што никој не се обидел да го прошверцува дијамантот од земјата и ветил дека каменот ќе биде продаден на оној кој ќе плати најмногу на најтранспарентен начин.

Дијамантот сега се чува во Централната банка на Сиера Леоне. Дијамантот, малку помал од пак за хокеј, е втор најголем најден во оваа западноафриканска земја.

Рударите во 1972 година го нашле каменот „Ѕвездата на Сиера Леоне“ од 968,9 карати, што подоцна е продаден за 2,5 милиони долари.

Емануел Момох изјавил дека го поздравува развојот на регионот и го радува изградбата на патишта и други проекти и изјавил дека верува дека владата може да направи повеќе.

Дијамантите беа главен извор на финансирање на десетгодишната граѓанска војна во Сиера Леоне, што заврши во 2002 година. И покрај огромното богатство со минерали, оваа земја е една од најсиромашните во светот.

Коментари

Популарно