ФОТО: Стоилов на романтично патување со саканата

Македонскиот репрезентативен пикиер, Столе Стоилов и неговата избраничка Катерина деновиве уживаат во Венеција, каде отпатувале на кус одмор.

Познатиот ракометар и капитен на "црвено-црните" слободното време меѓу натпреварите секогаш го користи за да посети некоја интересна туристичка дестинација, а дека еден од најромантичните градови во светот им годи потврда се и фотографиите кои ги објавуваат на социјалните мрежи каде позираат со широки насмевки на лицата.

Инаку, саканата на Стоилов е студентка и е по потекло од Струмица, а парот е заедно веќе две години. Таа е и негова најголема поддршка во кариерата и секогаш е на трибини и го бодри за време на натпреварите.

Коментари

Популарно