ФОТО: Куќата на Цеца на Кипар е воено засолниште со бункери

Српската фолкерка Цеца морала да ѝ ја отстапи куќата на државата во случај на вонредна состојба, а за тоа не добива пари, но во случај на непогода или инвазија дрѓавата ѝ ги плаќа сметките. Секоја куќа која служи како бункер мора да има подземни прстории со одредени димензии и цистерна вода.

Бункери како куќата на Цеца официјално постојат од 1999 година. Тогаш државата избрала одреден број куќи кои ќе се користат како скривалишта во случај на војна.

Пејачката мора да склучи договор со владата на Кипар со кој се обврзува да ја отстапи куќата како бункер во тек на вонредна состојба.Кипар има малку државни засолништа, па владата одлучила приватни куќи да служат за таа цел во случај на војна или природна непогода.

– Бираат куќи кои имаат подземни простории, односно подруми. Има некои стандарди, т.е. минимални домнезии кои мора да ги задоволува секое засолниште. Неопходно е да бидат опремени со цистерна вода за да бидат државен бункер, открила за Информер сосетка на Цеца во Аја Напа. Таа објаснила дека ако утре има војна, сите би имале право да престојуваат во нејзината куќа, а таа би немала право да бира кој ќе влезе во куќата.

Секој таков бункер е јасно означен со сина боја, така што сите знаат каде можат да се засолнат во случај на опасност.

-Споствениците на куќите се обврзани да ги дадат просториите на располагање доколку владата го побара тоа од нив. За тоа не добиваат пари, но дрѓавата им ги плаќа сметките во текот на инвазијата или непогодата.

Коментари

Популарно