Цело маало собира пари за лекување на синот на Шабан - фолкерот "мува не го лази"

Роберт Шаулиќ кој има 45 години е тешко болен и секој месец е во болница. Како што зборуваат соседите во Зрењанин, тие собираат пари и му ги даваат за да има за лекови и храна, односно буквално му помагаат за да преживее, пишуваат српските медиуми.

-Роберт е тешко болен, постојано е по лекари и тешко живее. Не се знае колку долго ќе издржи ако состојбата продолжи да му се влошува, бидејќи нема адекватна нега, велат соседите на вонбрачниот син на пејачот Шабан Шаулиќ.

-Јас го признав, а не знаев дали навистина е мој или таа жена ме прелажа. До неговото полнолетство плаќав алиментација и имаше се од мене, а после секој продолжи по својот пат, изјавува Шабан за болниот син.

Коментари

Популарно