Илија Димовски е новиот претседател на Комисијата за избори и именувања

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски денеска е именуван за претседател на Комисијата за избори и именувања, со што се отвори можноста за продолжување на конститутивната седница на Собранието, на која треба да се избере претседател, а која е закажана за понеделник.

„СДСМ денеска прв пат после изборите го прифати фактот дека се губитничка партија на изборите и дека се втора партија во ова Собрание. Од тука претседателското место во Комисијата кое што го доби ВМРО-ДПМНЕ и шесте членови во Комисијата не се добар гест од страна на СДСМ, туку се правила и пракса која што во Собранието функционира 25 години“, рече Димовски.

Договорот бил постигнат на денешната координација, откако претходно три дена не можеше да биде постигната согласност која партија треба да го даде претседателот на Комисијата.

Во понеделникот беше постигнат договор Комисијата да ја сочинуваат 13 членови, од кои ВМРО-ДПМНЕ има шест члена, СДСМ пет, а ДУИ и Беса пое ден член.

Коментари

Популарно