ВИДЕО: Девојче со тешки изгореници вратено од болница, мајката немала пари

Деветгодишната Селма Демир пред два дена се здобила со големи изгореници по лицето, вратот и на градите кога ја палела печката на дрва во нивниот дом. Веднаш била однесена во болница. Но, како што вели нејзината мајка Јагода не ја примиле бидејќи немала да плати 2000 денари на ден за да може да остане со девојчето . Селма која има здравствено осигурување, освен тешките изгореници има и епилепсија поради што мора да биде со придружник во болница.

Јагода Реџеп е самохрана мајка и вели дека поради честите напади мора да го придружува девојчето. Сето ов а се случувало на Клиниката за детска хирургија, откако претходно од болницата „8 септември била пратена таму. Јагода се вратила дома со девојчето кое е со тешки болки и во агонија.

„Ја палела печката на дрва и волнеиот џемпер пламнал. Веднаш ја однесовме на лекар, но од таму ми рекоа дека мора да платам 2000 денари за да останам со неа. Така се вративме дома, таа има многу болки“, изјаво Јагода Реџеп.

Директорот на болницата 8 септември за НОВА тврди дека тие немаат детско одделение ниту центар за изгореници затоа девојчето било препратено на скопските клиники. Но, рече дека морала да биде задржана иако мајката немала да плати бидејќи од самите изгореници може да добие инфекција која што може да биде фатална по живот.

Од друга страна директорот на Клиниката за детска хирургија, Ристе Симеонов тврди дека не е точно дека мајката била вратена. Тој посочи дека со вакви изгореници и со терапија може да се лекува и дома.

„Не точно дека мајката е вратена, но таа и не морала да плати. Сме имале случаи кога луѓе немале пари и не сме ги враќале. Сепак, правилото од 2000 денари на ден е воведено за да не инсистира да остане родителот да остане бидејќи во таква ситуација ќе немаме слободни кревети, рече Симеонов за НОВА.

Јагода живее со нејзината ќерка и старата мајка под кирија во оваа куќичка во скопската населба Шуто Оризари.. Единствениот приход е посебниот додаток од 5500 денари кој го добива заради болеста на девојчето, епилепсија. Но, вели принудена е да ја пружи раката и да проси за да можат да преживеат.

„Од тие пари за кирија плаќам 5000 денари и ми остануваат само 500 денари. Принудена сум да одам да просам“, раскажува Јагода.

Градоначалникот Елвис Бајрам кој за настанот разбрал од социјалните мрежи решил да помогне.

„ Јавено е еве се јавивме секаде, ќе ја однесеме во болоница и ние ќе останеме додека не ја примат“, изјави Елвис Бјарам

Од општината ветија дека ќе ги платат трошоците за лекувањето на малата Селма.

„ Се што треба ќе покрие Општина Шуто Оризари и за мајката и за девојчето “ изјави Аднан Мемет шеф на кабинетот на градоначалникот.

Откако беше алармирано и приказната за Санела почна да кружи и на социјалните мрежи експресно стигнала брзата помош и таа е однесена на Клиниката за детска хирургија каде што е здржана на лекување.

Новатв.мк

Коментари

Популарно