ВИДЕО: Ване Маркоски ја бакна Бејби во уста

Преку кулинарската емисија со хуманитарен карактер „Вип сезона“ водителот Ване Маркоски влезе во многу домови на познатите личности кои пред камера ги покажаа своите вештини во кујната.

Овој пат, вратата од својот дом ја отвори пејачката и годинешна евровизиска претставничка Јана Бурческа. Па така, Ване на својот Фејсбук не заобиколи да објави едно кусо видео и да најави дека во следните емисии гледачите ќе имаат можност да ја видат Јана како готви и каков специјалитет ќе приготви.

Имено, додека таа беше во кујната, Ване се сретна со кадравата крзнена љубовџика Бејби која му се нафрли и го бакна директно во уста.

Е ова е љубов!

Коментари

Популарно