ЈОГУРТ ЗА СЕКОЈ ДЕЛ ОД ГОДИНАТА!

Покрај здравата и избалансирана исхрана, редовното вежбање и спортување, на сите нам ни е добро познато дека на нашето тело му се потребни и течности. Нутриционистите, но и докторите специјалисти, постојано ја потенцираат важноста на внесот на водата и другите здрави течности во организмот. За жал, во продажба се наоѓаат и премногу течности (како безалкохолни газирани пијалоци, засладени сокови од овошен концентрат исл. Кои соддржат премногу шеќери) Сигурно, сте се запрашале, која течност, покрај водата преставува вистински здрав напиток, кој на организмот му дава сила, енергија и виталност а притоа не влијае лошо врз вашето здравје. Одговорот е јогурт! Волшебниот и чудесен напиток, кој се добива преку ферментација на млекото.

Иако постои верување дека првиот јогуртот е создаден не сакајќи за време на некое номадско патување низ Азија, кое траело доста долго, па носејќи млеко во торба, истото на големо изненадување го сменило својот вкус и густина, денес јогуртот е неизоставен дел од менито на секој кој води грижа за сопственото здравје.

Јогуртот во својот состав соддржи Пробиотици, или добри бактерии, значајни за имунолошкиот систем и севкупното здравје. Иако јогуртот е препорачливо да се консумира секојдневно, особено е важно тој да се зема и после третман со антибиотици. Јогуртот соддржи лесно употребливи и сварливите протеини, но и минерали. Цинк,кој ги зајакнува коските, калциум и калиум, кој му помагаат на вашиот организам, да го исфрли вишокот сол, но и магнезиум кој придонесува за здравјето на срцето и мускулите

Од друга страна пак познато е дека јогуртот е богат со витамин Б5, кој е неопходен за здравјето на кожата, косата, очите и црниот дроб. Тој, исто така, содржи значително количество на витамин Б12, кој ги зачувува здравјето на нервниот систем и спречува анемија, преку поттикнување на производството на хемоглобинот.

Но, најважно од се е од какво млеко е направен вашиот јогурт. Млекара Здравје Радово веќе 15 години користи внимателно одбрано и свежо млеко, стопроцентно снабдено од домашни фарми и фармери! При изработка на јогуртот запазени се сите ЕУ стандарди, а паралелно заддржана е старата традиција на домашен производ, Јогуртот Здравје со 3,2 и 1,5 % масленост, како и функционалниот јогурт Здравје + со 1% масленост се ваш гарантиран избор за квалитетен и здрав внес на течности. Јогуртите Здравје ги соддржат сите потребни здрави состојки кои се неоходни на вашиот организам. Токму затоа од страна на нутриционистите и докторите, јогуртот е прогласен за волшебен и здрав напиток!

Коментари

Популарно