ВИДЕО: Виртуална прошетка во раскошниот дом на Ѓоковиќ во Мајами

Иако во последно врем не му оди најдобро на тениските терни,  светскиот број 2 рекет постигна вистински Грен Слем со купувањето на трисобниот стан на Мајами Бич во најелитниот крај, кој се нарекува „Eighty Seven Park“.

Српскиот тенисер неодамна ја купи оваа резиденција која чини повеќе од милион долари, а пркетиран е од страна на познатит архитект Рензо Пиано, истиот тој кој е заслужен за изгледот на станот на Ноле во Њујорк, кој исто така неодамна го испазари.

Кога ќе ги видите фотките и видеата ќе сватите и зошто толку вреди затоа што терасата пружа неверојатен поглед преку Атланскиот океан.

„Ми се допаѓа дизајнот на овие две згради, и нивната локација е фантастична. И Њујорк и Мајами ми се дестинации секоја година и ќе биде баш добро што ќе имам мое место каде ќе можам да се вратам“, изјави Новак Ѓоковиќ

Новиот дом на Ноле има хотелски стил на удобност, вклучувајќи и базен и лежалки, плус голем парк за децата каде може да поминат квалитетно време со својот син Стефан и приновата која доаѓа.

Ова е инаку комплексот на Мајами Бич – 70 станови на 18 катови, со балкони кои од 60 до 90 проценти имаат прекрасен поглед кон океанот.

Спалната соба овозможува невиден поглед преку целиот брег на Мајами со прозор од подот до плафонот, и со излез на терасата со дури две страни од собата. Апартманот има дури 3,5 купатила, када која е надворешна, и излегува на терасата со невиден поглед.

Коментари

Популарно