Тинејџер од Хрватска си ги убил родителите бидејќи не му давале пари за дрога!

Мама седна позади воланот, а јас зад неа. Пиштолот, кој го украдов од татко ми, го ставив меѓу нозе. Другар ми Иван беше на совозачкото место. Мајка ми го запали „цитроенот“ и тргнавме да си одиме од полето. Го подигнав пиштолот, ѝ го ставив на тилот и испукав. Крвта беше насекаде. Иван целиот испрскан, одма побегна, а јас останав уште малку, па со пиштолот заминав дома.

Без ронка емоција или пелтечење, Тим Шунјерг (19) од Чиста Велика, Хрватска, го даде својот исказ пред полициските инспектори, дознава хрватскиот весник „24 сата“.

Разгалениот син единец во саботата попладне во класична и целосно испланирана егзекуција ги погуби своите родители, таткото Марин (45) и мајката Силвана (45). И на двајцата им пукаше во тилот, додека не го гледаа во очи.

Злосторството, како што дознава весникот, деветнаесетгодишникот го планиал со денови. Мотивот и оправдувањето за убиствата ги пронашол во тоа што родителите во последните месеци му забранувале да се дружи со неговите пријатели бандити, длабоко навлезени во наркоманското подземје, на кое и самиот припаѓал.

Сакајќи да го спасат од канџите на лошото друштво и на дрогата, родителите му го скратиле и џепарлакот, кој го трошел неконтролирано, некогаш и по илјада куни (повеќе од 8.000 денари) дневно.

Нинвата родителска грижа не ја сфатил, ни прифатил. Се решил за ликвидација.

Откако го убил и неговиот татко во семејсниот дом, седнал во неговиот „мерцедес“ и заминал во Водице.

– Низ градот го бараше неговиот вујко Ренато Сториќ, сакаше и него да го убие. Сметаше дека тој е виновен што неговите родители дознаа дека се дрогира и го притиснаа. Ренато е полицаец и знаеше што прави Тим и со какво друштво се дружи. Нормално дека ја предупреди сестра си, која, исто како и Марин, веќе знаеше што се случува со Тин, само не беа свесни до која мера. За среќа, не го пронајде, па замина на роденден кај пријател и славеше до два наутро – велат извори за „Вчерашни лист“.

Дека Тин беше темпирана бомба, станува јасно со само еден поглед на неговиот профил на „Фејсбук“, пишува хрватскиот весник. На повеќето фотографии тој е во црно, на или покрај „мерцедесот“, со кренат среден прст, на некои и со палка за бејзбол. Тој радо позирал и со неговиот ротвајлер Зеус, единствениот „член“ на семејството кој го преживеал нападот.

Истрагата ќе покаже дали и под дејство на какви дроги бил Тин. Неговите пријатели, едниот кој бил присутен за време на убиството, и вториот, роденденецот, се исто така приведени во хрватската полиција.

Хрватската јавност со денови е вознемирена од убиството на Шунјергови. Хрватските експерти велат дека ваквиот профил на луѓе едноставно се раѓа таков, а влијанието на околината врз формирањето на карактерот не е голема, ни пресудна.

Коментари

Популарно