Професор на Карлеуша со шокантна изјава за неа: Во гимназија беше НЕПОДНОСЛИВА!

Поп дивата Јелена Карлеуша е една од најконтроверзните пејачки на српската естрада. Но нејзиното скандалозно однесување потекнува уште од училишните денови.

По завршување на основното училиште, таа се запишала во гимназија во Земун, одела на музичко училиште и била член на хор.

Професорите не ја обожавале, а еден од нив проговори за неа во српските медиуми.

"За неа нема да чуете ништо убаво. Јас и бев професор и морам искрено да кажам дека не се сеќавам со радост на тој период. Беше невозможна и најлоша во одделението според однесувањето.

Замислете дете од 15 години кое непрекинато зборува додека професорот држи час, а кога ќе ја опоменете веднаш почнува да се буни. Па потоа станува и скока по клупите, па се побунуваат и другите деца и започнуваат да дивеат со неа. Кога се испиша од гимназијата сите бевме пресреќни, ни олесни, изјави тој."

Коментари

Популарно