Зоран Ванев – од фолк пејач до доктор во Швајцарија: Во мојата клиника не примам богаташи кои нечесно спечалиле!

Своевремено еден од доста популарните фолк пејачи кај нас, но и во соседството, штипјанецот Зоран Ванев, веќе неколку години наназад е еден од најбараните доктори за природна медицина во Швајцарија. Неговата клиника во Цирих станала место кое што го посетуваат луѓе од целиот свет, и тој вели дека воопшто не жали што микрофонот го заменил за белиот лекарски мантил и пеел само на одредени и професионално организирани настани, бидејќи отсекогаш сакал да им помага на луѓето.

Бил шокиран кога изгледал емисија на една македонска ТВ станица, во која што познавачка на чаеви на своја рака препорачува лекување на сериозна дијагноза, и тврди дека кога во Швајцарија би се случило такво нешто, станицата би била затворена во рок од 24 часа. Иако работата му одела доста добро, сепак открива дека не би се вратил во Македонија, и не би отворил своја клиника кај нас, бидејќи нашиот здравствен систем не одел во правец на задоволување на пациентот, туку во правец на економијата, и ги погазувал сите човечки вредности на квалитетен живот.

,,Мојата ординација се наоѓа на самата железничка станица во Шлирен – Цирих,    Швајцарија. Дипломирав на Парацелсус Академијата за Алтернативна медицина во     Цирих, и сум првиот Македонец во Швајцарија кој ја има титулата Доктор за     природна медицина, која е призната во целиот свет, како и во сите установи на    државно ниво во Швајцарија, за која секој пациент кој во здравственото осигурување има Алтернативна медицина, му се враќаат парите назад во согласност со процентуалноста која ја има склучено во самото здравствено осигурување. Воедно мојата фирма е и сертифицирана за здравствени  осигурувања, така да во секоја смисла компетентноста ја имам во целост’’ – раскажува Ванев.

Тој додава дека се занимава со лекување на сие врсти на болести, без ограничувања, и има голем број на задоволни пациенти.

,,Јас како и секоја професија, потполно професионално и одговорно ја доживувам природната медицина, така да доколку сакате да бидете успешен и компетентен морате да посветите  исклучително внимание на сето она што го работите, и меѓу другото, со голема  љубов да го правите сето она што сакате да го правите. Студирав на  академијата полни 4 години, и тоа од понеделник до недела.

Неслучајно ме  снема од сцената, затоа што отсекогаш ме привлекувала медицината која е поврзана со природата, и последиците по здравјето на луѓето се безопасни и  многу суштински, кои се во состојба на потполно лекување на било која болест, без разлика на комплексната ситуација, за разлика од други медицини кои само го залекуваат симптомот, меѓутоа главниот проблем си останува, или се повеќе се  наштетува на другите органски функции со прејаките и пренападни медикаменти кои се од исклучиво хемиски состав, за разлика од природната медицина која продуктите ги црпи исклучиво од природата.

Конкретно се занимавам со лекување на сите врсти на болести без ограничување. Има болести за кои според швајцарскиот закон мора да сум во комуникација со доктори и специјалисти од школската медицина (како на пример оперативни интервенции или инфекциски заболувања), има болести за кој имам потполна ингеренција. Што значи дека мора да се запазат сите принципи на законска регулатива за да крајниот ефект биде неприкосновен’’ – тврди Ванев, додавајќи дека го посетуваат луѓе од многу земји.

,,Имам пациенти од секаде, да, може да се каже и од целиот свет. Природната     медицина е во голем подем затоа што луѓето полека го спознаваат ефектот на    природата и природниот лек. Често пати многу негативно се изненадувам кога ќе прочитам по некои социјални мрежи напишани рецепти или насоки за природни   состојки, за кои луѓето повеќе од мака ги употребуваат, а притоа да не бидат   запознаени со суштината на еден здравствен проблем. По мое мислење тоа е само едно негативно и нестручно помагање на пациентите, кои за многу кратко време се разочаруваат затоа што очекувањата нема да имаат таков  ефект, за кој имаат прочитано.

Каде лежи проблемот? Едноставно за да имате ефикасно лекување потребно е   целосно испитување на човекот со сите потребни анамнези и анализи. Тоа значи во мојата клиника најпрвин се земаат сите податоци на клиентот до денешен ден, со какви се болести имал контакт досега, какви се лекови има примано, дали  има фамилијарни здравствени или психички или било какви проблеми, па и финансиски.    Потоа одиме на испитување на крвта’’ – вели Ванев, давајќи осврт на процедурите на лекување кои што ги користи.

Целата статија на Fokus.mk

Коментари

Популарно